Како совршен пример за избор на стилска комбинација оваа сабота, ви го предлагаме изборот на Оливија Палермо што е вистинско олицетворение на летото. За прошетка низ улиците на нејзиниот Њујорк, таа одбра фустанче со многу едноставен крој, но навистина интересен, летен принт. Истото го комбинираше со балетанки со животински принт, што иако сосема различни, одлично се вклопија со фустанчето. Целата комбинација таа ја круниса со шик чанта во жолта боја и очила за сонце со модерна форма и цветови во горниот дел. Токму нејзината комбинација, е одличен избор за вашите денешни активности и прошетка со пријателите.

Објавено:
25 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.204 пати