Саботно во капут рибина коска со сини детали
•
11 февруари 2023
Првиот ден од викендот го започнуваме со едно винтиџ парче, капут со дезен рибина коска, како што носеле порано нашите мајки. За вакви вонвременски дизајни секогаш има место во гардероберот.
Капутот ќе го искомбинираме со плисирано здолниште во светло сина нијасна, блуза во кафено, сив тон и црни чизми до колена.
На ова додаваме и интересен детал во форма на крзнен шал, во сини нијанси што ќе одговараат на здолништето.
Убав стајлинг за почеток на убав викенд!