Среда во црно-бел капут и црвена ролка
•
22 ноември 2017
Средина на работната недела е, а ние за денеска одлучивме да ви понудиме една интересна и топла предлог комбинација.
Црното здолниште збогатено со пантент на средината и странично кај џебовите, го комбинираме со топла џемпер со ролка во интензивна црвена боја.
На тоа додаваме црни чизми до глужд, и кариран црно-бел капут.
Комбинацијата ја комплетираме со црвено ранче и црвени обетки.
Нека и оваа среда ви биде среќна!