Денешниот ден го боиме во сини и црвени нијанси. Нашиот предлог за оваа среда е здолниште во светлосина интензивна боја.

Го комбинираме со црвена плетена блуза, која има ѕвонести ракави. На тоа додаваме краток капут со кариран принт.

Комбинацијата ја завршуваме со модни додатоци во тегет нијанса, односно со високи чизми и чанта со украсна рачка со цветови.

Ви посакуваме убав и весел ден!

Објавено:
21 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
574 пати