Среда во цветна ретро блузичка
•
10 мај 2017
Најсреќниот ден од неделата сакаме да го поминеме во ретро комбинација составена од шик фармерки со висок струк и црна блуза со ѕвонести ракави. Она по што таа е посебна се цветните апликации во пределот кај ракавите кои се навистина неодоливи. Комбинацијата надополнете ја со овие шармантни црни чевлички и чанта во слична нијанса. Денеска посветете им внимание на модните додатоци како црната шапка и кружните сребрени обетки. Што се однесува до шминката, истата е неутрална со посебен акцент на темно црвениот кармин.
Уживајте во среќната среда!