Среда во фустан со принт и чизми
•
24 ноември 2021
Добро утро. Стајлинг на денот е рубрика со која го започнуваме секој ден, а која има за цел модно да ве инспирира.
Денешниот предлог-стајлинг е фустан во зебраст принт, со ремен на половината од истиот материјал. Ако немате фустан во зебраст, тогаш одберете некој друг принт или дезен.
Искомбинирајте го со високи чизми, во случајов се бели.
Додадете дискретен накит и црна чанта, а секако не излегувајте од дома без капут.