Среда во кожна јакна и фармерки
•
22 февруари 2023
Необично топлото време надвор ни даде зелено светло да ги оставиме зимските јакни и капути и да ѝ отстапиме место на кожната јакна.
Класика без која не се може, особено напролет и наесен. Затоа за денешната среда предложуваме црна кожна јакна, бела блуза и темен џинс.
А за да ја подигнеме комбинацијата на едно повисоко ниво, облекуваме црни, високи потпетици.
Едноставно и безвременско.
Имајте убав ден!
Фото: Pinterest