Среда во кул стајлинг
•
9 март 2016
Најсреќниот ден од неделата поминете го во кул комбинација која покрај тоа што изгледа неверојатно лежерно, истата е и супер удобна. Носиме широки светли фармерки во комбинација со ролка со интересен дезен и црни чизмички со интересна потпетица. Бидејќи времето надвор денеска не ни оди во прилог, комбинацијата надополнете ја со кожена јакничка со сино крзно во пределот на јаката. Секако, носиме и чанта во слична нијанса како и крзното и кармин што денеска ни е единствено потребен да го развеселиме денот.