СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Среда во модни парчиња во неколку нијанси на сиво
•
24 август 2022
Облечете се во тоновите на облаците.
Денес го започнуваме денот со комбинација од модни парчиња во неколку различни нијанси на сива боја. Оваа блуза со ролка и кратки ракави од лесна плетка, во комбинација со мини здолниште и високи чизми над колениците ја создаваат совршената комбинација за преодниот период помеѓу летото и есента, докажувајќи дека сиви модни парчиња не значат здодевен изглед.
Фото: Pinterest
Дополнете го аутфитот со шик ланта која се врзува околу половината и очила за сонце и уживајте во денот.