Среда во одело и топол џемпер
•
22 јануари 2020
Добро утро! Надвор е сè уште студено, па затоа нашиот денешен предлог е една тренди, но топла комбинација.
Оделата се уште меѓу најпопуларните парчиња и оваа сезона, а во конкретниов пример, се работи за карирано одело, кое е искомбинирано со топла беж блуза односно џемпер, со висок околувратник.
На тоа додадете чизми до глужд и капут, како и волуменозен шал.
Супер комбинација за работното место, но и доколку планирате нешто после тоа.
Каков и да ви е планот, ви посакуваме убав ден!