Добро утро. Се надеваме дека и овој ден ни започнува со нас, а ние го започнуваме со рубриката „Стајлинг на ден“, кој има за цел да ве инспирира што би можеле да облечете денес или пак да биде идеја за некој стајлинг во иднина.

Нашиот денешен предлог е плетен фустан со ролка во сина нијанса, топло парче кое лесно можете да го комбинирате во секојдневието.

Во случајов е во комбинација со бели чизми, но вие изборот на бои прилагодете ги на парчињата  што веќе ги имате во гардероберот.

Иако на фотографијата го нема, сепак капутот е задолжително парче.

Ви посакуваме убав и мирен ден.

 

Објавено:
11 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
632 пати