Среда во плетен фустан + крзнен капут
•
27 октомври 2021
Добро утро. Оваа среда ја боиме во кафени нијанси. Со оглед на ниските утрински температури, се одлучивме денешната предлог-комбинација за инспирација да биде топла, а сепак тренди.
Стајлингот е составен од плетен фустан со миди должина, чизми до глужд и крзнен капут во бела нијанса. Кафена чанта со интересна рачка и впечатливи обетки се модните додатоци со кои е заокружена комбинацијата.
Вие секако прилагодете ја на вашиот гардеробер и можности.
Ви посакуваме убав ден.
фото извор: Pinterest.com