Најсреќниот ден од работната недела поминете го во супер шик издание составено од класични црни панталони, овој пат широки, во комбинација со стилска кошулка во темно зелена боја со ремен на средината. Одозгора комбинацијата надополнете ја со стилско капутче со животински принт, а што се однесува до додатоците, денеска носиме модерна чанта во црна нијанса и ја комбинираме со високи потпетици.

Уживајте во оваа прекрасна, сончева среда!

Објавено:
30 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
738 пати