СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Среда во широк макси фустан со цветен принт

31 август 2022

Добро утро!

За денес одбираме широк и удобен макси фустан со цветен принт на бела основа кој совршено прилега на оваа преодна сезона од лето кон есен. Едноставната силуета на фустанот е збогатена со уникатни долги волуменозни ракави. Романтичниот изглед можете да го смирите со блага спортска нота комбинирајќи го со патики со впечатлива боја која соодветствува со одредени детали од принтот на фустанот.

Уживајте во денот!

Фото: Pinterest

Објавено:
31 август 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
550 пати