На средина од неделата со прекрасно време, одлучивме да ги облечеме омилените широки парчиња и да бидеме стилска девојка во текот на целиот ден.

Денешна инспирација нѝ е оваа стилска блогерка која секогаш толку добро ги комбинира парчињата од нејзиниот плакар, па така денеска одбравме една нејзина комбинација која знаеме дека ќе ви се допадне од прва.

Таа носи широки црни панталони со висок струк и одлично ги комбинира со зелена кошулка со бели точки со откриени рамена.

На комбинацијата ѝ додава високи потпетици и шапка за уште поинтересен изглед. Инспирирајте се уште денеска за постилски изглед од кога и да е.

Убав ден!

Објавено:
17 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
481 пати