Конечно дојде и средина на неделата, што значи дека сме уште поблиску до петок! Оваа среќна и сончева среда направете ја уште поубава со оваа шик комбинација составена од маичка со карнери и широки панталони со висок струк.

Целата комбинација е во сино – бели пруги што ја прави уште понеодолива. Комбинирајте ја со високи црни сандали или пак рамни во некоја неутрална боја што ја обожавате.

И ова лето вистински хит се сламените чанти, па така и денеска носиме една во тој стил, која е одлична за комбинирање и толку ретро.

Украсете ја комбинацијата со овие обетки со реси во интересна боја и секако, очила за сонце и шапка без кои повеќе не смееме да излеземе од дома.

Уживајте во прекрасниот ден!

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
499 пати