Повторно супер време во градот и одлични температури поради кои сѐ уште можеме да уживаме во маички на куси ракави.

Денеска комбинираме една таква во црна боја со натпис во предниот дел и стилски тесни фармерки во темно сива нијанса.

Стилската комбинација надополнете ја со бели куси чизмички како одличен избор за ова преодно време од годината.

Носиме и очила за сонце кои и денеска нѝ се потребни, а секако и шик чанта и накит по ваш избор.

Уживајте во денот!

Објавено:
18 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.133 пати