Со мисла да ги искористиме последните сончеви денови периодов, одлучивме денешната комбинација да биде малку разиграна.

Нашиот предлог е долго здолниште со цветен принт и широк карнер. Во комбинација со топол широк џемпер во кафена нијанса и кафени чизми ќе добиете тренди изглед, во кој притоа и ќе се чувствувате удобно.

Комбинацијата е заокружена со чанта и очила за сонце. Ако сте ептен зимурливи, тогаш на сето ова додајте капутче.

Ви посакуваме среќна среда!

Објавено:
30 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.546 пати