Добро утро. Сонцето повторно ни се врати, а со тоа и доброто расположение. 

Нашиот денешен предлог за инспирација е здолниште на копчиња кое е во комбинација со интересна кошула. 

Кошулата е со кариран дезен, а во горниот дел има тантела, која дава винтиџ нота.

На тоа додадете дискретни ланчиња и очила за сонце, а сламената чанта која е вистински хит сезонава, одлично ќе го заокружи изгледот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
2 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
386 пати