Стајлинг на неделата #101: плетена блуза во риги + бело сако
•
28 мај 2015
Екстравагантната Оливија Палермо изгледа луксузно и во наједноставни комбинации, ама со вистински одбрани парчиња.
Овој пат, во една спортско-елегантна варијанта таа е нашиот избор за стајлинг на неделата.
Под перфектно скроеното бело сако носи лежерна плетена блуза во вертикални риги, а ги комбинира со разресен џинс.
Дека деталите го имаат главниот акцент во финишот на оваа стилска комбинација, покажуваат впечатливите салонки со цветен принт и чантата со метални реси, потпишани од Џими Џу.