Стајлинг на неделата #103: шешир + комбинезон
•
9 јуни 2015
Најсовршената комбинација за ова лето е онаа во која ќе се чувствувате истовремено и удобно и стилски.
Дајан Кругер носи токму еден таков, совршен летен аутфит. Црн комбинизон на прерамки со асиметрично скроен топ и отворен грб. Ниски сандали, очила за сонце и шешир – ја заокружуваат комбинацијата.
Интересно е што овој комбинезон во ваква варијанта може да го носите дури и на плажа, а доколку само ги замените ниските сандали со високи потпетици, подготвени сте и за вечерна журка.