Како што и навикнавме да ја гледаме секогаш во одлични стајлинзи, првата дама на САД на аеродромот во Лондон пристигна во уште едно беспрекорно издание.
Мишел Обама овојпат се одлучи за прекрасен летен фустан од колекцијата на еден од нејзините омилени британски брендови Preen, во интензивна жолта боја со сина тантела одозгора.
Фустанот таа го комбинираше со едноставни Џими Чу црни потпетици и неодоливо сини обетки во облик на солза.
Таа во Лондон пристигна со нејзините ќерки Малиа и Саша и нејзината мајка Мараја Робинсон, за да продолжат со нивната одлична програма и иницијатива „Let Girls Learn“.
Со оваа комбинација, првата дама на САД уште еднаш покажа дека има неверојатно чувство за мода и за секогаш непогрешливи стајлинзи.
Ова е еден одличен пример за тоа како треба да изгледа дама во нејзини години.