Една од највилјателните австралиски модни блогерки, Мајка Џанели, е препознатлива по нејзините монохроматски комбинации со бескомпромисен индивидуализам. Обично таа прави идеален спој на целосно црни  или целосно бели парчиња.

Во случајов, изгледа совршено во спој од неколку парчиња во бело, со исклучок на високите потпетици кои се во пудреста нијанса со висок сјај. Минималистички краток топ во совршен спој со перфектно скроено здолниште со висок струк, наметната со палто со средна должина.

Комбинацијата е финиширана со футуристички прстен обетка на едното уво, плик чанта и темни очила за сонце во форма на „мачкасти очи“.

Објавено:
7 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот