Стајлинг на неделата # 50: минималистички коктел фустан+црвен кармин

28 мај 2014

Пред само еден ден во Лондон се одржа премиерата на филмот „A Million Ways To Die In The West",  во кој една од главните улоги ја игра шармантната русокоса актерка Шарлиз Терон. Иако, најчесто од случаите на ваквите премиери главните хероини се во драматични аутфити, Шарлиз се појави во сосема поразлична смирена минималистичка варијанта од дизајнерката Стела Мекартни. Дека класиката и безвременскиот црн фустан е секогаш „ин“ е токму овој стајлинг. Како спој доволен е само црвениот кармин на усните, лежерната фризура и едноставните црни сандали.

 

Објавено:
28 мај 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот