Стајлинг на неделата #90: бохо вибрации + розов костум
•
11 март 2015
Црвенокосата пејачка Флоренс Велч од Florence + Тhe Machine е една од најуникатните дами на музичката сцена, па затоа нејзиниот впечатлив и невообичаен стајлинг на ревијата на Шанел на актуелната модна недела во Париз, воопшто не беше изненадување.
Розовиот костум што го носеше беше тотално ретро навраќање на 70-тите години, а романтичниот шешир е совршено надополнување на бохо вибрациите кои ги донесе Флоренс во првиот ред на ревијата на Шанел.