Стајлинг на неделата: Волуменозно здолниште+ремен+блуза

26 февруари 2015

roksanda-640

На неодамнешната манифестација Elle Style Awards, што се одржа во Лондон, со својата појава вниманието го привлече дизајнерката Роксанда Илинчиќ. Таа се појави во долго волуменозно здолниште, со сопствен дизајнерски потпис. Она што го правеше интересно, покрај формата, е колор блок играта, која внесе динамика. Токму затоа, за горниот дел Џулијана одбрала блуза во црна бојоа, што ја смирува комбинацијата.

Кога се модните додатоци во прашање, изборот е едноставен металик ремен. Шминката е едноставна и се истакнува само карминот во една од боите што ги има и на здолништето.

Едноставна, но моќна модна комбинација. Нема сомнение дека Роксанда Илинчиќ знае како треба да се појави на црвениот килим.

Објавено:
26 февруари 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот