СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во бел џемпер преку фустан на пруги
•
25 октомври 2022
Добро утро!
Денешната комбинација ја градиме со едноставен бел плетен џемпер како горен топол слој врз лелеав макси фустан со зелени пруги. Комплетирајте го изгледот со едноставна црна чанта, црн кожен ремен и кожни чизми во зелена боја која соодветствува со пругите на фустанот.
Имајте убав ден.