СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во црни фармерки и долго палто
•
15 ноември 2022
Добро утро!
Овој вторник не пречекува со тешки облаци и ниски температури, но со удобна и едноставна есенска комбинација, тоа нема да ни претставува проблем. За денес одберете ги вашите омилени црни фармерки чии ногавици ќе ги завратите нагоре за шик ефект. Искомбинирајте ги со удобна сива блуза и долго есенско палто во светла кафена нијанса.
Фото: Pinterest
Комплетирајте го изгледот со црни кожни чизми до глуждови и елегантна црна кожна чанта.
Уживајте во денот.