Вторник во црвено и бело
•
8 мај 2018
Овој вторник го боиме во црвени и бели нијанси. Нашиот денешен предлог е кошула-фустан на риги. Во делот на половината се врзува со ремен, додека ракавите во долниот дел се волуменозни и набрани, што го прави фустанот повпечатлив.
Го комбинираме со црвени папучи, кои се апсолутен тренд сезонава, ама вие можете да ги смените со некои елегантни балетанки, сандали или салонки, ако преферирате.
Комбинацијата ја заокружуваме со бела чанта, црвен кармин и очила за сонце.
Имајте убав ден!