Добар ден!

За почетокот на ова вторничко утро одберете комбинација со која ќе блеснете. Светлите бои, особено белата, внесуваат чувство на свежина и леснотија, а со тоа го подобруваат и вашето расположение. Па затоа, денес одлучете се за широки и удобни ленени панталони во беж боја и комотна памучна асиметрична бела блуза со еден ракав кои визуелно ќе ги одвоите со црн кожен ремен и црни сандали на платформа.

Фото: Pinterest


Комплетирајте го изгледот со шик шешир со принт кој ќе му даде игривост на овој екстремно едноставен изглед.

Уживајте во денот.

Објавено:
19 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
485 пати