СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во фармерки и долг лежерен кардиган
•
6 септември 2022
Добро утро!
Температурите наутро стануваат сè пониски, па затоа нашиот предлог вклучува долг, но лесен кардиган во нежна беж нијанса кој лежерно ќе паѓа врз останатите парчиња облека oд денешниот аутфит. Под него, комбинирајте ја вашата омилена бела кошула или памучна маичка со фармерки од светол џинс, исечени кај колениците, со што ќе му дадете доза лежерност на изгледот.
Кожната чанта и високите потпетици во беж боја ќе го избалансираат неформалниот стил со елегантна димензија.
Имајте одличен вторник!