Добро утро. Овој сончев вторник ви презентираме еден фустан совршен за летните денови.

Нијансата е пастелно сина, што е дополнителна асоцијација на одмор и небесно синило.

Фустанот е со миди должина, во горниот дел има ситни набори со ластичиња, што го прават лесно прилагодлив на телото.

Ракавите се со набори и мошне широки, што само дополнително ќе ви даде чувство на комоција кога го носите.

Можете да го комбинирате со сандали,, еспадрили, влечки, да додадете марама и шешир и мала чанта.

Или пак да направите сосема друг избор на модни додатоци.

Ваков сличен модел можете да најдете и во продавниците на Елена Лука во ГТЦ и Аеродром, како и на нивната онлајн продавница.

Објавено:
6 јули 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
481 пати