Вторник во кафена бохо комбинација
•
26 јуни 2018
Утрово се разбудивме со малку постудено време од вообичаено, па супер би било да се облечеме малку потопло во случај времето да остане вакво.
Денеска носиме стилски фармерки со висок струк и ги комбинираме со едноставна бела маичка на куси ракави, а целиот акцент денеска е ставен на ова кафено бохо палто кое е едноставно неодоливо.
Што се однесува до модните додатоци, комбинацијата надополнете ја со овие интересни кожени сандалки, кафен часовник, очила за сонце и секогаш омилената шапка.
Уживајте во денот без разлика на времето!
Фото: Пинтерест