Вторник во кафена маичка и џинс со висок струк
•
9 јули 2019
Нема ништо поубаво од лежерна комбинација во која ќе уживате во текот на денот, па денеска ви предлагаме една таква составена од шик парчиња.
Времето денеска е совршено и со пониски температури, па без проблем можеме да ги носиме омилените фармерки со висок струк.
Комбинацијата надополнете ја со кафена маичка на куси ракави, плетен ремен на половината и сламена чантичка.
За денот да биде уште поубав, на денешниот стајлинг му додадовме бели старки во кои ќе уживаме во текот на целиот ден.