Добро утро. Ние и денеска ќе ве инспирираме за тоа што би можеле да облечете овој вторник, или некој нареден ден.

Овој пат, нашиот предлог се кожени панталони со висок струк и ремен. Во конкретниов пример се во црна нијанса, во комбинација со џемпер во пастелна розова.

Чизмите се до глужд и се во кафена нијанса, што можеби ќе им се допадне на оние модно похрабрите. Доколку не ви се допаѓа оваа комбинација на бои, можете да одберете чизми во црна, беж , темновиолетова или во нијанса на џемперот.

Додадете капут и чанта.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
17 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
635 пати