Вторник во кожени панталони и палто
•
25 февруари 2020
Добро утро. Денешниот ден го започнуваме со нова предлог-комбинација. Сакоата се апсолутен тренд и оваа сезона, па стајлингот за денес вклучува едно такво во машки крој и розова нијанса.
Во комбинација со кожени панталони со широки ногавици се добива апсолутен трендовски изглед. Мала црна чанта и широк црн ремен се модните додатоци со кои стајлингот е заокружен.
Ви посакуваме убав ден!