Вторник во кратко сако и панталони
•
19 мај 2020
Добро утро. За денес ви подготвивме стајлинг кој е комбинација на деловен изглед и урбан. Нашиот предлог се панталони, таканаречени килоти на риги и кратко сако од истиот материјал, со ревери и дводелно закопчување.
Ова комплетче можете да го комбинирате со маица со принт и ќе ја „омекнете“ деловната нота. Изборот на чевли го оставаме на вашиот моден сензибилитет, во случајов се елегантни со врзување. Чантата е во слична нијанса со комплетот, но можете да одберете и некоја во посмела боја.
Очила за сонце и дискретен накит и подготвени сте :).
Ви посакуваме убав ден.