Добро утро, како сте?
Се надеваме дека денот ви започнува со нас.
Ние и ова утро имаме предлог комбинација која се надеваме ќе ви послужи како инспирација што да искомбинирате од вашиот плакар.
Ленени панталони се секогаш супер избор за овој период од годината. Во конкретниов случај се со висок струк и ремен кој уште повеќе ќе го нагласи овој дел од вашето тело. Панталоните од страни имаат и џебови, со што се додава спортска нота на комбинацијата, но вие одберете какви имате.
Искомбинирајте ги со широка кошула нна риги.
На тоа додадете мала чанта, во случајов е во беж нијанса, но можете да одберете и некоја поинтензивна боја.
Изборот на обувки нека биде во согласност со вашиот моден израз - патики, мокасини, сандали, чевли на потпетица...
Ви посакуваме убав ден.