Вторник во панталони со висок струк и ролка
•
29 септември 2020
Добро утро. Овој вторник го боиме во маслинести нијанси. Нашиот денешен предлог се панталони со висок струк, токму во оваа нијанса.
Од страните имаат надворешни џебови, а ногавиците надолу се стеснуваат. Во комбинација се со ролка со кратки ракави и чизми до глужд.
Кожениот ремен уште повеќе ја нагласува половината, а црна голема чанта е модниот додаток со кој комбинацијата е заокружена.
Додадете јакна и направете ваша верзија на стајлингот.
Ви посакуваме убав ден.