Добро утро. Денеска е прв ден од есента, а и нашиот предлог е во склад со утринските температури, кои се само уште едно потсетување дека се збогуваме со летото.

Плисирано здолниште во беж нијанси е во комбинација со бела шриока блуза со ролка.

Патики се изборот на обувки, а чантата преку рамо и очилата за сонце се модните додатоци кои овој стајлинг го прават комплетен.

Доколку се движите во текот на денот, одоздола имајте нешто со кратки ракави, бидејќи сепак на пладне не' очекуваат и повисоки температури.

 

Објавено:
22 септември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
884 пати