Вториот ден од работната недела поминете го во шик ретро фустанче во светло сина боја со плисиран долен дел. Бидејќи надвор температурите уште од утрово се високи, комбинирајте го со овие тренди балетанки во црна боја и ранче што совршено ќе се вклопи во комбинацијата. Што се однесува до модните додатоци, носиме повеќе алки во црна нијанса и обетки – цветчиња, а секако не заборавајте ги и очилата за сонце.

Уживајте во прекрасниот вторник!

Објавено:
7 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
307 пати