Вторник во широки панталони и кошула
•
8 април 2024
За овој вторник имаме широки панталони на риги во сива боја коишто ќе ги споиме со светло сина кошула со панделка на врзување.
Елегантна комбинација која што е одлична за деловен стајлинг.
На овие парчиња додаваме потпетици во мастило боја коишто ќе дадат една софистицираност на денешниот аутфит.
Финишираме со мала црна чанта и ви посакуваме убав ден.
Фото: Pinterest