Вторник во сиво
•
12 јануари 2016
Вториот ден од работната недела поминете го во елегантна комбинација во сиви нијанси. Носиме класични сиви панталони и ги комбинираме со слатка и нежна кошулка со панделка кај јаката. Бидејќи времето денеска е малку потопло, единствено облечете го вашиот сив капут и куси шик чизмички во црна боја. Чантата е црна со сиви додатоци од страните, а накитот во црни и сребрени нијанси.
Уживајте во денот!