Вторник во сребрено и виолетово
•
18 октомври 2016
Овој вторник нека биде поинаков од сите останати! Блеснете во стилска комбинација составена од широки фармерки и топло џемперче во виолетова боја со реси во долниот дел. Комбинацијата надополнете ја со слатки сребрени чевлички и ранче во иста нијанса. Од накит денеска единствено ја носиме оваа впечатлива сребрена шноличка која е сосема доволна да оставите впечаток покрај одличната комбинација. Уживајте во овој прекрасен вторник и не дозволувајте времето да ви го расипе расположението!