Вторник во топол џемпер и широко асиметрично здолниште
•
31 декември 2021
Добро утро. Петок е, последен ден од работната недела, но и последен ден од годината. Се надеваме дека ине' читате во добро здравје и расположение и дека расположени ќе ја испратите годинава.
Ние го започнуваме и овој последен ден со предлог-стајлинг.
Овој пат се одлучивме за топла комбинација во бели и беж нијанси, со дискретни светки.
Здолништето е широко во долниот дел завршува асиметрично, додека пак горе е со висок струк и на половината се врзува во панделка.
Во комбинација е со топол џемпер во беж нијанса со златен сјај, а изборот на обувки се високи чизми во складна нијанса.
Додадете капут и чанта, можете и некој црвен детаљ и имајте убав ден.