Американските ѕвезди наспроти руските: Емилија Кларк vs Глукоза

13 мај 2020

Тоа што не гледаме и не читаме често за нив, не значи дека руските ѕвезди се нешто помалку ѕвезди од американските.

Изгледаат одлично, ги следат сите трендови и соработуваат со светски дизајнери. 

Доказ за тоа е и овој стилски двобој.

На премиерата на „Терминатор“ во Јужна Кореја, Емилија Кларк блесна во креација на Улијана Сергеенко.  Се работи за долг жолт фустан со корсет.

Две години подоцна, на настан од филмската уметност во Сочи, популарната руска пејачка Наталија Јонова попозната како Глукоза, го носеше истиот фустан, секако поинаку стилизирана.

Ова е само еден од примерите за преклопување на модните избори, а во неделите што следат, ќе ви претставиме и други и со понов датум.

Сепак, од оваа перспектива, на која подобро ѝ стои?

 

фото извор: instagram.com; pinterest.com; 

Објавено:
13 мај 2020
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
530 пати