За денешниот стилски двобој ги одбравме Бијонсе и нејзината ќеркичка Блу Ајви. Фотографиите се направени за време на нивниот престој во Париз, пред околу еден месец.

И двете носат фустани од модната куќа „Гучи“, со ист флорален принт. Разликата е само во кројот, бидејќи креацијата на Блу Ајви е приспособена за нејзината возраст, со карнерчиња во предниотт дел и делот на половината. Кај Бијонсе пак, карнерите се поставени на ракавите, а фустанот го следи А-крој.

И двете имаат розови сандали, само на Бијонсе се на висока потпетица, а на Блу Ајви, секако рамни. 

 Инаку, ова не е првпат познатата пејачка да ја облече ќерка си исто со неа. Пред неколку месеци на Инстаграм профилот сподели фотографија во која носат идентична тексасна јакна.

Која „Гучи“ дама повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
497 пати