Ѕвездите од Боливуд се хит во Индија, но не толку и во остатокот од светот, со чест на исклучоци. Сепак, и меѓу овие актери, пејачи, уметници, постојат оние што и тоа како ја следат модата.
Често дури и се копираат со стајлинзите.
Овој пат, исто парче, но со различен дизајнерски потпис носат Дакота Џонсон и Малаика Арора.
Дакота во октомври минатата година на црвениот килим на „Governors Awards“ се појави во креација на Брендон Максвел. Актерката носеше бело широко здолниште и интересен топ, кој во предниот дел има фалти.
Малаика пак, неодамна имаше фото-сесија во која носеше тесни панталони, топ кој е речиси идентичен со белиот, но овој е со потпис на египетскиот дизајнер Малак Ел Езави и портокалово палто.
Јасно е од каде ја земал инспирацијата.
Но, на која подобро ѝ стои?