Хејли Болдвин или Хејли Клаусон?
•
20 август 2018
Мал црн фустан е класика што секоја жена треба да ја поседува, а тоа добро го знаат и моделите Хејли Болдвин и Хејли Клаусон.
И двете носат мини црн фустан на тенки прерамки, креација на брендот „Realisation par“. Се работи за моделот „The Cristy“, кој е женствен и секси токму поради споменатите прерамки.
Иако кај нас оваа варијанта се преферира за вечерен изглед, од брендот посочуваат дека е модел што може да се носи во текот на целиот ден.
А тоа го потврдуваат и двете моделки. Хајли Клаусон го носи во дневна варијанта со црни балетанки и зелена чанта. Од друга страна, Болдвин ја носи во вечерна издание, со беж влечки, црна чанта и златен накит.
На која подобро ѝ стои?
фото извор: journal.hr/Guliver Image/Splash News