Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, повторно го сврте медиумското внимание кон себе. На нејзиниот официјален твитер профил сподели фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, фотографирана во Белата куќа.
Посетата на Колинда беше по повод 73. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, а медиумите не можеа да не го забележат нејзиниот изглед.
фото извор: twitter.com/KolindaGK/Official White House Photo by Andrea Hanks
Грабар ја доведе фигурата до совршенство, а изгледа и стилот. Овој пат се појави во беспрекорна комбинација. Темносиниот фустан со долги ракави и беж ленти ја истакна нејзината нова фигура. Дискретниот V-израз, миди должината на фустанот, а и на раквите, како и потенцирањето на половината, ги истакнаа нејзините најдобри страни.
Од друга страна, првата дама на САД се појави во проверена и сигурна комбинација - двореден црн мантил, исто така со ремен на половината и чевли со вртоглаво високи потпетици.
И двете дами одбраа косата да биде пуштена и брановидна.
Меѓу социјалните мрежи може да се прочита дека Колинда овој пат ѝ претставува сериозна конкуренција на Меланија.
Какво е вашето мислење, чие модно издание ви се допаѓа повеќе?